Почна пријавувањето субвенции за млеко

(Oвој напис е објавен на: October 19, 2017)

Сточарите кои го предале млекото од мај до септември 2017-та година за да ги добијат субвенциите, барањата треба да ги достават најдоцна до 5-ти ноември. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за литар кравјо, овчо и козјо млеко.

Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017 година.

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар.

Барањата се поднесуваат по електронски пат до 5-ти ноември во подрачните единици на Министерството кадешто е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од мај до септември годинава.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.

Share Button