Почна пријавувањето за субвенции
Почна пријавувањето за поголем дел од субвенциите за земјоделците. Рокот е до 15 мај, а барателите можат сами електронски да ги доставуваат барањата или да побараат помош за аплиирање од подрачните единици…
Земјоделците можат да поднесуваат барање за субвенции до 15-ти мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на министерството за земјоделство.
Пријавувањето се однесува за директните плаќања за растителното производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и живина.
Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентираните податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојбата до 15-ти март 2018-та година.
Ва сточарското производство барањата за субвенции се поднесуваат врз основа на евидентираните животните во Регистарот заклучно со бројната состојбата на денот на поднесување на барањето и ажурирање на нивниот број во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.