fbpx
ВестиМакедонија

Се нормализира водостојот на Охридското Езеро

Снегот што се топи на планините ги интензивира водотеците на реките од сливот на Охридското Езеро, така што ситуацијата на водостојот на езерото веќе е во границите на нормалата.

Снегот што се топи на планините ги интензивира водотеците на реките од сливот на Охридското Езеро, така што ситуацијата на водостојот на езерото веќе е во границите на нормалата.
Само за една седмица нивото на езерото порасна за седум сантиметри, така што денеска е на котата 693,42 метри надморска височина, што е сантиметар над просекот за февруари или 32 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10).
Тоа е значајно подобрување на хидролошката ситуација, особено доколку се има предвид дека сушниот период есента резултираше нивото на Охридското Езеро да се спушти на 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.
И температурата на водата е во рамки на просекот на февруари, односно денеска таа изнесува шест степени Целзиусови, стои во веста на МИА.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close