fbpx
ВестиСовети

Подготовка на Пеларгонијата (Сарделата) за зимски услови

Пеларгониите – сарделите се омилено летно цвеќе во голем број видови, а нивните бои се распространуваат во бескрајно многу нијанси.За нивните цветови да можат да ги украсуваат балконите и терасите, потребно е да ги подготвите за зимата.

Пеларгонијата (Pelargonium spp.) е позната под многу имиња, како што се: сардела, гераниум и други. Тоа е омилено летно цвеќе, кое украсува многу балкони и тераси, а бројните нијанси уште повеќе ја зголемуваат нејзината впечатливост.

Нежните повеќегодишни видови, најчесто се третираат како едногодишни, но со малку нега и внимание, сарделите можат да ја преживеат зимата. За нивното презимување, потребна е добра светлина, движење на воздухот и простор во кој нема опасност од мраз. Постојат три начини на кои ова цвеќе може да се подготви за зимата.

Презимување во саксии

Оваа метода е најбрзаа и наједноставна. Сарделите се скратуваат на една третина и се залеваат. Отстранете ги сите овенати листови и цветови и залејте го растението. Внесувањето на цвеќето, треба да биде пред првиот мраз. Саксиите со сарделите се сместуваат во ладни простории, каде ќе презимат. Просториите во кои има недоволна светлина, може да се збогатат со дополнително осветлување. Растенијата треба повремено да се залеваат, така што супстратот да не биде потполно сув. При залевањето не треба да се претерува, со цел да не дојде до гниење на корењата, а со тоа и до изумирање на растението.

Мирување на Пеларгонијата

Пеларгонијата брзо преминува во состојба на мирување. Растенијата се скратуваат на висина од 10 см, со отстранување на овенатите листови, цветови и пупки. Пред вадењето од саксиите, проверете ја здравствената состојба на растението (евентуален напад од штетници или болести). Коренот, нежно исчистете го од супстратот. Растенијата ставете ни да висат на јаже, наопаку, во просторија во која зимската температура е околу 10 °C. Еднаш месечно, коренот се макнува во вода на околу еден час и повторно се враќа на место. На пролет, растенијата можат да се посадат во саксии.

Како да ја сочувате сарделата со одгледување од резници

Идеално време за земање резници е крајот на септември. На тој начин, на растението ќе му се обезбеди доволно време за опоравување. Се земаат резници во должина од 8 до 10 см. Резниците мора да бидат меки, а не смеат да бидат дрвенести. Од основата до половина на резницата потребно е да се отстранат листовите. Резниците се садат во саксии или сандачиња, наполнати со супстрат.

Саксиите  со резниците се сместуваат на топло и сончево место, се покриваат со пластична кеса, со цел задржување на влажноста на супстратот. После неколку седмици, кесата може да се отстрани, а растенијата да се пресадат во поголема саксија. Во текот на зимата потребно е да вршите редовни проверки.

Пеларгонијата носи среќа

Пеларгонијата е едно од најлесните цвеќиња за одгледување, а исто така и најиздржливите. Нејзината симболика е да носи среќа во домот, а исто така помага кај несоница и главоболка.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close