fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Поевтини дизелот и 95-ката

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за  76,5 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95  и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од денеска се поевтини  за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за  76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,888 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој од полноќ ќе чини 39,779 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,248 отсто, кај дизелот за 3,956, кај екстра лесното масло за 3,804 и кај мазутот за 5,692 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,202% отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close