fbpx
ВестиТоп вести

Покрај за јаболката, Египет е заинтересиран за увоз и на други македонски производи

Се отвора вратата за пласман на повеќе македонски производи на египетскиот пазар. Освен за македонското јаболко, Египет е заинтересиран за увоз и на други македонски производи, но засега пречка за тоа се високите царински давачки. Како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 11 февруари во Каиро ќе се сретна со министерот за земјоделство на Египет, Абу Сетејт, со кој ќе разговара за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи.
– Во рамките на саемот остваривме повеќе билатерални средби меѓу кои и со египетскиот министер за земјоделство. Правиме анализи со коморите и бизнис секторот за да знаеме кои производи се важни за нас, односно кој можеме да ги понудиме и да ги извезуваме во Египет. Со Египет имаме примена на целосен систем на царина, а со царинска стапка од 40 отсто македонското јаболко не е конкурентно на египетскиот пазар, вели Николовски и додава дека на состанокот ќе се бара начин за укинување на високите царини за олеснување на пласманот на македонските производи.
Тој додава дека од интерес и за македонските компании и за државата е да го отвори египетскиот пазар, а има интерес и за пласман на други наши производи. Затоа правиме анализа што е она што Македонија може да го понуди во таа трговска размена.
Освен за македонското јаболко египетски компании покажаа интерес за увоз и на македонските вина, ајварот и други преработки од овошје и зеленчук.
Овоштарите велат дека отворањето на овој пазар ќе го ублажи проблемот со слабиот интерес на рускиот пазар за увоз на македонско јаболко.
– Во последните неколку години се соочуваме со ниски откупни цени и слаб или никаков пласман. Се надеваме дека отворањето на нови пазари и нови преработувачки капацитети ќе го ублажат проблемот со пласман на јаболкото, велат овоштарите.
Инаку јаболката се второ најизвезувано овошје од Македонија. Во 2017 година од извоз на јаболка Македонија остварила извозен прилив од 11,9 милиони евра. Најголем извозен пазар за македонските јаболка е Русија, каде бил направен извоз вреден 4,7 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Косово, каде биле извезени јаболка во вредност од 2 милиони евра. Следи Бугарија каде од извоз на јаболка сме имале прилив од 1,76 милиони евра, Србија со извоз на јаболка вреден 1,24 милиони евра, Црна Гора со извоз од 752 илјади евра, Романија со извоз од 630 илјади евра….Освен во овие земји македонските јаболка се продаваат и на пазарите во Германија, БиХ, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Грција, Австрија… (А.С.)

Се отвора вратата за пласман на повеќе македонски производи на египетскиот пазар. Освен за македонското јаболко, Египет е заинтересиран за увоз и на други македонски производи, но засега пречка за тоа се високите царински давачки. Како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 11 февруари во Каиро ќе се сретна со министерот за земјоделство на Египет, Абу Сетејт, со кој ќе разговара за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи.
– Во рамките на саемот остваривме повеќе билатерални средби меѓу кои и со египетскиот министер за земјоделство. Правиме анализи со коморите и бизнис секторот за да знаеме кои производи се важни за нас, односно кој можеме да ги понудиме и да ги извезуваме во Египет. Со Египет имаме примена на целосен систем на царина, а со царинска стапка од 40 отсто македонското јаболко не е конкурентно на египетскиот пазар, вели Николовски и додава дека на состанокот ќе се бара начин за укинување на високите царини за олеснување на пласманот на македонските производи.
Тој додава дека од интерес и за македонските компании и за државата е да го отвори египетскиот пазар, а има интерес и за пласман на други наши производи. Затоа правиме анализа што е она што Македонија може да го понуди во таа трговска размена.
Освен за македонското јаболко египетски компании покажаа интерес за увоз и на македонските вина, ајварот и други преработки од овошје и зеленчук.
Овоштарите велат дека отворањето на овој пазар ќе го ублажи проблемот со слабиот интерес на рускиот пазар за увоз на македонско јаболко.
– Во последните неколку години се соочуваме со ниски откупни цени и слаб или никаков пласман. Се надеваме дека отворањето на нови пазари и нови преработувачки капацитети ќе го ублажат проблемот со пласман на јаболкото, велат овоштарите.
Инаку јаболката се второ најизвезувано овошје од Македонија. Во 2017 година од извоз на јаболка Македонија остварила извозен прилив од 11,9 милиони евра. Најголем извозен пазар за македонските јаболка е Русија, каде бил направен извоз вреден 4,7 милиони евра. Втор најголем извозен пазар е Косово, каде биле извезени јаболка во вредност од 2 милиони евра. Следи Бугарија каде од извоз на јаболка сме имале прилив од 1,76 милиони евра, Србија со извоз на јаболка вреден 1,24 милиони евра, Црна Гора со извоз од 752 илјади евра, Романија со извоз од 630 илјади евра….Освен во овие земји македонските јаболка се продаваат и на пазарите во Германија, БиХ, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Грција, Австрија…

извор: вечер прес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close