fbpx
ВестиМакедонија

Поларен бран над Македонија-снег и студ

До среда утринските температурите во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени.

На 14 февруари времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран врнежните од снег ќе продолжат и во недела. Насекаде ќе се формира снежна покривка, која до недела  претпладне во источните делови ќе биде и над 10 см, а на запад во пониските подрачја и над 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 30 см снег. До среда утринските температурите во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close