Вести
Пониски цени на зелените пазари во споредба со лани
Во ноември, на зелените пазари имало богата понуда на сезонско овошје и зеленчук. Најмногу имало јаболка од сите сорти, јапонски јаболка, круши, калинки и цитрусни плодови.
Споредено со истиот период лани, намалување имало скоро кај сите цени, освен мандарините, кои биле поскапи за 6 проценти.
Драстично намалување имало кај сортата Црвен Делишес од 12,5, а другите сорти јаболка се продавале поевтино од 5 до 8,6 отсто.
Зеленчукот бил поскап, и тоа лукот 31, краставиците 20, благите пиперки 19 и кромидот за 7,7 проценти.
Зелката поевтинела за 8, гравот за 7, оризот за 4,7, а компирот за 2,7 насто споредено со минатата година.