Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Попладне и утре повремен пороен дожд и грмежи
Утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.
Кон крајот на денов и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму посочуваат дека утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има во четврток.
Од УХМР препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.