fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неделава значителен пораст на температурите, денеска до 34 степени

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 32 степена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close