Поплавени куќи и дворови во струмичките Ново Село и Василево
Жителите раскажуваат дека водата донела и дрвја и камења од планината, што дополнително придонело за излевање на речното корито.
Се чисти снегот и наносите од врнежите на патиштата во општина Ново Село. Обилните врнежи ја излејаа од коритото реката Песен кај Мокрино. Водата влезе и во домовите на граѓаните.
Жителите раскажуваат дека водата донела и дрвја и камења од планината, што дополнително придонело за излевање на речното корито.
Општината ангажирала и механизација за чистење од приватни и правни лица за побрзо да се стават во функција локалните патишта.
Градоначалникот Божинов апелираше да не се користи патот Колешино-Бориево бидејќи се отворила голема дупка пред мостот и е ризичен за сообраќај, а во текот на денот се очекува да се исчистат сите патишта.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека се очекувани поплавите по толку сушна година.
Во струмичкиот регион штети имаше и во општина Босилово каде се излеа реката Струмица.