fbpx
ВестиТоп вести

Попова Шапка рај за душа и очи на која природата многу и  дала, се уште со малку туристи во летниот период

 

 

Водопадите, прекрасните пејсажи, природната свежина но и одличните можности за пешачење и планински велосипедизам, се едни од природните предуслови за развој на летниот туризам на Попова Шапка. Но овие предуслови барем засега не се искористени за развој на летниот туризам на овој туристички центар. Ретки се туристите, кои ја посетуваат оваа природна убавина.

 

 

-Можеби немаме традиција да одиме на лето на планина. А тука можеш вистински да се одмориш. Разликата е огромна, тука е 10 степени поладно отколку долу во градовите. Има тука прекрасни пејзажи, да ги одмориш очите и телото, планински патеки, да возиш велосипед, да береш чај, сега наредниот месец ќе има и боровинки да береме, рај е тука. Но како што можам да забележам, повеќе има странски отколку домашни туристи, вели еден жител на Тетово кој има викендица на Попова Шапка  и кој речиси преку целото лето престојува тука на центарот.

 

Овој вид туризам во Македонија во споредба со земјите од регионот е многу помалку развиен, велат познавачите на приликите.

-Потребна е поголема промоција на Попова Шапка, но исто така да се работи и на инфраструктурата и хигиената. Голема трагедија е што не работи жичарата Тетово – Попова Шапка, па и тука кога ќе дојдеш на центарот не работаат жичниците. Треба барем за викендите да работаат тие двоседи како што тоа го направија ски центрите од другите градови во Македонија, тоа ќе привлече туристи да се качат до некој врв, да уживаат во пејсажите додека се возат. Еве на пример ќе ви кажам една статистика, во Австрија имаме прилив на пари од посета на Алпите исто колку што има една Грција прилив на пари од летниот туризам. Значи колку се важни планините, но тука за жал се многу малку искористени, вели Жарко Трпковски претседател на скијачкиот клуб Љуботен.

Освен што нема заинтересираност за развој на летниот туризам, во истиот не се вложува ниту пак се одржува постојната инфраструктура. Патот низ викенд населбата на Попова Шапка е во ужасна состојба, нема улично осветлување кучиња скитници има насекаде.

-Па првин патот треба да се среди , да се среди проблемот со фекалната канализација, тука кога одат туристите сакаат да дишат чист воздух а не смрдеа и кучиња не напаѓаат, треба тука да се опуштиш а не да стравуваш. А во последно време тука центарот се користи и како место за напасување на добиток, и наместо гости пред хотелите затекнуваме крави и коњи, тие изгледа се најчестите гости на центарот, велат малкуте туристи кои ги затекнавме.

70 % од територијата на Македонија е под планини со височина на над 1200 метри надморска височина, ова богаство е наш бренд и ние мора да го зачуваме и искористиме, велат од планинарските друштва.

Треба повеќе да се поработи на инфраструктурен план, промоција, маркирање на планински и велосипедкси патеки, со цел Шара но и другите планини да си го најдат своето место на мапата на планинскиот туризам во светот. Додаваат оттаму.

Зоран Димовски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close