Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Поради невремето Буково и Орехово без струја, известуваат од Центарот за управување со кризи
Во с.Породин кај живинарската фарма се интервенира со 3 пумпи за вода од ДЗС Битола. Има потреба од интервенција и на градежна машина за расчистување на реката од горниот тек, па се до мостот на влезот од селото.
РЦУК – Битола, известува дека од обилните врнежи од дожд на подрачјето на опш.Битола зголемено е нивото на река Драгор и има опасност од нејзино излевање кај Довлеџик каде што се наоѓа пумпна станица на ЈКП Водовод за вода за пиење за дел од градот Битола. Во текот на вчерашниот ден и денес со соодветна механизација интервенираат ЈКП Водовод и ЈКП Нискоградба (се прави насип крај реката Драгор како превентива за престојните дождови). Таа интервенција е приоритетна зошто имало опасност дел од градот да остане без вода. Од ЈКП Водовод известиле дека во моментот состојбата е под контрола, но екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата.
Во с.Породин кај живинарската фарма се интервенира со 3 пумпи за вода од ДЗС Битола. Има потреба од интервенција и на градежна машина за расчистување на реката од горниот тек, па се до мостот на влезот од селото. Раководителот на ПОРКОА РЦУК Битола со раководителот на ДЗС Битола ќе достават барање до ВОП Битолско Поле да се испрати градежна машина и што побрзо се расчисти коритото на реката.
Снабдувањето со електричана енергија и вода е редовно, освен во селата Буково и Горно Орехово кои се без напојување со електрична енергија.