Поради незнаење но и неодговорност, често земјоделците во тетовско па и во целаМакедонија со своите земјоделски практики знаат да и наштетат на земјата, и на крај крајните конзументи да добијат нехранливи и отровни земјоделски производи.
Голем проблем преставува палењето на стрништа, пракса која најчесто се повторува после секои жетвени активности. Со палењето се уништува живата флора и фауна во почвените слоеви. Како лоша пракса е користењето на своја рака на азотни ѓубрива.
-Земјоделците при ѓубрење на своите ниви не прават биохемски анализи и не знаат колку има во таа почва азот, фосфор, калиум и слично. Азотните ѓубрива содржат хранлива материја која може да биде во две форми. Ако земјоделецот фрли повеќе од тоа што има потреба самата култура и ако имало претходно, овој азот во процесот на користење од страна на растението преминува во една форма нитрозамин која е канцерогена и штетна, и таа се задржува во плодовите. Тие плодови ги користи човекот и внесува мали количини ,но тие се таложат во организмот и што е најопасно последиците ги трпат другите генерации, велат од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието.
Веќе петта година по ред секој земјоделец потпишува правилник дека ќе спроведува добра земјоделска практика, односно ќе внимава на заштита на растенијата, благосостојбата на животните и воопшто на заштитата на животната средина. Тие потпишуваат документ, но во пракса не го спроведуваат.
-Ние од искуство утврдуваме дека земјоделците само потпишуваат правилник, без да го прочитаат, без да се распрашаат што е тоа што треба да го применуваат. Ние сето ова постојано им го укажуваме, во однос на тоа да да ги знаат кои се минимални услови што тие треба да ги спроведуваат почнувајќи од заштита на почвата. Ако има појава на плевели тие треба на време да го уништат дали по механички пат дали со одреденни хебрициди, и тие треба да ги знаат овие постапки и треба за сето ова да има обука. Има правила за заштита на почвата, водата, растенијата животните. Имаме култури ако фрлиме повеќе азот ќе имаме маса а не плод добар. Затоа треба земојделецот да се консултира со нас за нив треба едукација. Треба да водат евиденција за набавката на ѓубрива, не мора да се оригинални тие во една тетратка може да евидентираат кое ѓубриво го ставаат на која култура од кој добавувач, колку ставиле од него врз која културата, велат од агенцијата.
Досега земјоделците биле толерирани, но отсега ќе следуваат опомени а потоа и санкции. Ако земјоделецот не приложи документација за спроведување добра земјоделска практика, платежната агенција ќе го предупреди а потоа ако ја нема истата, ќе му ја намали субвенцијата од 3 до 5 %. Ако наредната година пак не приложи тогаш ќе бидат казнети три пати повеќе и следната година ако го нема тој правилник пак ќе бидат за три пати , а четвртата година веќе ќе бидат исклучени од земање субвенција.
Македонија како земја кандидат на Европската Унија има обврска да ги применуваме овие практики.
Невладините организации во последно време објавуваат резултати за загаденоста на почвата во делови каде има тешка индустрија како Тетово, Скопје и Кавадарци
Според невладините Вила Зора и Еко Герила, одредени површини од тетовската почва е загадена со тешкиот метал арсен.Во кавадаречкото грозје пак биле пронајдени концетрации на железо над 15 пати над максимално дозволеното. Истиот метал бил присутен и кај зелката, а концентрацијата му била сериозна и кај примерок од пиперка. Двете невладини спроведуваат проект за деконтаминација на почвата преку набавка на семенски материјал и одбирање соодветно растение за деконтаминација. Порачаа надлежните што поскоро да преземат мерки, и да се приклучат на овој процес на чистење на Македонската почва за да не биде предоцна.
Зоран Димовски