Ако порано садеа смил, сега Хрватите на истите површини садат кромид кој има добра цена, и ги освојува пазарите и маркетите.
Постара сорта на кромид со поблаг вкус е барана во маркетите, и ако смилот се продаваше за 80 центи, кромидот чини 1.3 евра, ако е сушен 1.6 евра, но зависно од трговецот може да се продаде дури и за 3.3 евра. Почвата е идеална за оваа култура.
Ако временските услови се добри, на 1000 квадрати, може да се родат 500 килограми кромид.
Земјоделецот ако сам си го продава производот ќе заработи повеќе, отколку истиот да го продава на трговци.
извор: Фактор