Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Поскапеа горивата – дизелот е 70,5 денари
Одамна горивата не поскапеле толку
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на горивата од полноќ.
Така цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 78 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се продава по цена од 80 денари, односно поскапување за 2,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од денес е зголемена за 2 денари, односно изнесува 70,5 денари.
Цената на екстралесното масло за домаќинство е 2 денари, и се продава за 70,5 денари по литар, додека цената на мазутот изнесува 44,5 денари по килограм, или поскапи за 0,5 денари.