Поскапуваат овојшето и зеленчукот

Поскапува цената на овошјето и зеленчукот на пазар. Според податоците на Државниот завод за статистика, за разлика од минатата година, годинава свежиот зеленчук поскапел за 7,4 насто, додека овошјето само 0,7 отсто. Сепак, продавачите велат дека проблемот е кај слабиот интерес на граѓаните.

„Цените не се високи, нормални се. Имаме продавање, но не е како изминатите години. Пиперките за зимница се 100 денари килограм, морковот 50 денари. Поскапо се продава пиперката за ајвар или 60 денари кило“.

„И евтино и скапо. Луѓето немаат пари. Нема продажба, нема луѓе, нема пари. Цените се исти или слични како и лани“.

„Зависи, некој ден има работа, некој дена нема. Сега моментално се малку поскапи цените“, велат продавачите.

За купувачите, цените се високи поради слабиот интерес на замјоделците да ги обработуваат нивите.

„Споредено со претходните години, сега се поскапи. Тоа се должи на факот што луѓето ги мрзи да обработуваат ниви и кога доаѓа нешто од странство, нормално дека е скапо“.

Цените се добри. Не се скапи, бидејќи никој не сака да работи, затоа мислам дека не се скапи многу“.

„За продавачите се евтини, а за нас скапи. За наши приходи цените се високи, а пензиите се ниски“, реагираат купувачите.

Освен цените на овошје и зеленчукот, според податоците на Заводот, во септември имаше покачување на цените и кај горивата за домаќинство за 2,8 насто, мебелот од 0,5 отсто, угостителски и телефонски услуги од 0,4 насто. Индексот на трошоци за живот во септември 2018 година споредени со ланската година бележи раст од 1,5 отсто додека индексот на малопродажна храна бележи раст од 2,6 насто.


 

alsat

Share Button