вестиСовети

Линцура – специфична и корисна билка од природата

lincura- specificna i korisna bilka od prirodata

Линцура (лат. Gentiana Lutea) е повеќегодишна билка која достигнува висина до 1,5 метри, со жолтеникави цветови. Најзастапена е на планински ливади и околу грмушки и пусти места, а позната е по тоа што може да достигне голема старост, до околу 50 години. Таа не поднесува високи температури, специфична е поради нејзиниот начин на одгледување. Лековититот дел на билката е коренот, кој се собира во рана пролет или пак во доцна есен.

Главната состојка која ја содржи коренот се хетерозидите, кои ја даваат неговата лековитост и горчлив вкус. Билката дополнително содржи пектин, етерични масла, билни влакна и масти. Поттикнува лачење на желудочни сокови, подобрување на состојбата на желудникот, но и на жолчката. Народната медицина најмногу ја препорачува линцурата за:

  • зголемување на апетит
  • против стомачни тегоби
  • против грозница
  • лек против слабокрвност
  • лек против бледило

Широката лепеза на примена се должи на состојките кои се дел од оваа билка. Линцурата помага при менструални болки, како и кашлица и бубрежни болки. Помага при паднат имунитет и кивавица, но и гасови во стомакот и запек. Дополнително, помага при длабоки и инфицирани рани и може да се користи како лек, но и помошна терапија. Линцурата се користи и за регулирање на нивото на холестерол, кој е сериозен здравствен проблем денес. Исто така, го подобрува и самиот состав на крвта, меѓутоа различни комбинации од билката се корисни за различни видови болести. Се препорачува при несвестици и мачнини, како и целокупно зајакнување на телото, како и при воспалени вени. Во тој случај, се препорачува посебна облога. Оваа билка не се препорачува на лица кои имаат зголемен крвен притисок и гастритис, но и на трудници.

Кога станува збор за линцурата, позната е ракијата која го содржи нејзиниот додаток, а претставува една од билките кои се најмногу експлоатирани во природата.


здравје и убавина

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close