fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поскапуваат цигарите

Од два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи од денеска поради измените на Законот за акцизите донесен во октомри годинава.

Од два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи од денеска поради измените на Законот за акцизите донесен во октомри годинава.

Тој предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

– Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.

Со предложените измени, мерните уреди за мерење на количина се различни од мерните уреди за мерење на волумен, се врши дополнување на одредбите за постапката на денатурирање на етил алкохол. Исто така се олеснува постапката за издавање на одобрение за повластен корисник на наведените субјекти имајки предвид дека овој услов се применува за издавање на одобрение за повластен корисник на деловни субјекти кои акцизните добра ги користат при производство. Исто така се уредува воведување растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, кој ќе подлежи на акциза, со цел ограничување на здравствените ризици поврзани со употребата на истиот, односно дефинирање на растителниот (билен) производ за пушење.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close