fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Посветени сме на инвестирање во водостопанската инфраструктура во интерес на земјоделците

Комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле при што ќе биде направена целосна модернизација на машинскиот и електричниот дел и ќе се инсталира SCADA систем.

Посветени сме на инвестирање во водостопанската инфраструктура во интерес на земјоделците и нивното производство.
Денес, согласно Програмата за водостопанство го потпишуваме договорот за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле при што ќе биде направена целосна модернизација на машинскиот и електричниот дел и ќе се инсталира SCADA систем. Вредноста на проектот е 123.132.646,00 денари.
Ова е прва фаза од целосно комплетирање на наводнувањето во дебарско. МЗШВ има целосна техничката документација каде е предвидена комплетна реконструкција на пумпната станица, реконструкција на главниот канал и реконструкција и доградба на деталната мрежа за наводнување, со што би се наводнувале вкупно 2000 хектари, односно би се зголемиле земјоделските површини за наводнување.
Работите на пумпната станица ќе се извршат за 12 месеци, при што овој капитален објект ќе биде целосно обновен и ставен во функција, а со тоа ќе се обезбеди непречено снабдување со вода за земјоделците од дебарско, објави министерот Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close