Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Нови 100 милиони евра за мали и средни претпријатија
Потпишување договор со Европската инвестициска банка
Владата на Северна Македонија и Европската инвестициска банка денеска ќе потпишат договор за финансирање на проекти на мали и средни претпријатија во висина од 100 милиони евра.
Договорот ќе го потпишат министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.