fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Знаете ли за што е добра ванилата?

Миризливите цветови на ванилата се еден вид орхидеи, таканаречени лазачи, кои растат во тропските шуми во Централна Америка и се единствени орхидеи чии плодови се јадат. Има околу 150 видови ванила, а денес се користат само два вида – Бурбон и  ванила од Тахити.

Нејзината употреба во готвењето е позната уште од античките времиња, а поради својата неодолива арома, ја нашла својата примена во козметичката и фармацевтската индустрија.

Ароматичните цветови се еден од најпопуларните зачини на светот – без него не можете да замислите да ги подготвувате вашите омилени слатки задоволства. Сепак, не треба да се занемарат лековитите својства на ванилата. Познато е дека жителите на Централна Америка го користеле како лек против отрови, болести на белите дробови и сифилис.

Екстрактот од ванила содржи витамин од Б група и минерали како калциум, магнезиум, калиум, манган, железо и цинк. Покрај тоа, содржи ванилоид, супстанца слична на капсицин од чили и еугенол од каранфилче, чии медицински својства се научно докажани. Ова ароматично растение, моќен антиоксиданс, помага во лекувањето на грип и проблеми со кожата. Исто така ја ублажува забоболката, ги ублажува изгорениците и го регулира нередовниот менструален циклус.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close