
Потребна е државна стратегија со која ќе се стимулираат сточарите, велат професори од Факултет за земјоделски науки Скопје
Сточниот фонд се повеќе се намалува, од говедско месо сме увозно зависни
Лошите политики и очајните мерки кои со години ги превземаше државата го зедоа својот данок, Македонија која е аграрна земја увезува дури 70 % од земојделските производи. Тоа што сме увозно зависни не значи дека немаме капацитет да произведуваме доволна количина на здрава и безбедна храна.
Државата сега нуди огромни можности, ги субвенционира земјоделците доделува неповратни грантови, но за жал сите тие поволности остануваат неискористени. Доколку младите не се свртат кон производство, храната во блиска иднина за нас ќе биде луксуз, укажуваат универзитетските професори. Tие се оптимисти дека нештата ќе се променат.
„Па тоа е малку повисока политика и можеби лоша државна стратегија, меѓутоа мислам дека во иднина тие бројки би се намалувале.Видовме дека и тоа како имаме услови за да произведеме здрава и безбедна храна и полека е поголем интересот кај младите да работат овде кај нас и да се занимаваат со сопствено производство каде што таа стапка и тој процент на увезено би го намалиле“, вели Билјана Ристаќовска Ширговска од Факултетот за земјоделски науки во Скопје
И не се проблем само земјоделските производи, Македонија увезува месо од Јужна Америка и источна Азија. Градовите ни се празнат, а што остана за селата, потребна е државна стратегија со која ќе се стимулираат сточарите.
„Сточниот фонд се повеќе се намалува, од говедско месо сме увозно зависни, не само ние и нашата околија, а Бразил е производител на говедско месо. И пилешкото месо доаѓа токму од Бразил. Ние со свинско месо не можеме само за свежа потрошувачка да го потрошиме, а не пак за индустриски капацитети. Значи се се увезува кај нас, ние немам суровини за производство на преработки од месо”, вели проф. Александра Силоска Николова, Факултет за земјоделски науки Скопје
И во едни вакви услов прашање е каква храна завршува на нашата трпеза, Агенцијата за храна и ветеринарство само пред Велигден уништи околу 2 тона небезбедна храна, а до средината на месец мартнад 40 тони небезбедна сувомесни производи.
Инаку ресорниот министер Трипуновски најави и дека преку програмата за рурален развој ќе се интервенира младите земјоделци да се вратат на нивите, за нивното влегување во земјоделскиот сектор ќе бидат и финансиски поддржани од државата.