вестиМакедонијаТоп вести

Субвенционирање на 1 денар за откупено сирово млеко за месеците, јуни, јули и август, бараат домашните млекарници

 

Здружението на производители и преработувачи на млечни и месни производи – ЗНАК ЗА КВАЛИТЕТ Скопје до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство достави допис за воведување на антикризни мерки со кои ќе се помогнат домашните млекарници. Во дописот кој во целост го бјавуваме се вели:

„Негативните последици од новонастанатата состојба предизвикана од COVID -19, постепено почнуваат да го уриваат и млечниот сектор во Република Северна Македонија. Имено, од настанувањето на состојбата предизвика COVID -19 во европски рамки се забележува драстичен пад на цената на сировото млеко со што се овозможува увоз на сирово млеко и готови млечни производи со далеку пониски цени од оние кои ние ги нудиме како млекопреработувачи на домашно сирово млеко.

Ваквата состојба неминовно создава притисок врз домашните млекарници, на кој притисок може да се одговори само преку снижување на трошоците, интерно, но и на клучната суровина – суровото млеко.

Свесни сме дека надолна корекција на откупната цена спрема фармерите, би имала голем негативен социоекономски ефект, поради што предлагаме да се заложите да се донесе конкретна антикризна економска мерка која ќе се состои од  субвенционирање на 1 денар на откупено сирово млеко за месеците, јуни, јули и август и кое ќе им се исплаќа на домашните млекарници. Ваквата антикризна економска мерка во целост е оправдана за да не се дојде до дополнителна демотивација на македонскиот фармер, притоа имајќи ја во  предвид  моменталната состојба на производството на сирово млеко во државава која во значителна мера е отежната преку намалувањето на сточниот фонд од година во година и секако намалениот квалитет на домашното сирово млеко“, се вели во дописот на Здружението на производители и преработувачи на млечни и месни производи – ЗНАК ЗА КВАЛИТЕТ Скопје.

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close