fbpx
ВестиТоп вести

Бимилк отвора уште една Balans+ Зона Крива Паланка доби нов спортско-рекреативен простор

Крива Паланка, 27 септември 2019 г. По отворањето на двете Balans+ Зони во Скопје и во Битола, Бимилк во соработка со Пакомак денес отворија уште еден спортско-рекреативен простор, овој пат на истокот од Македонија, во општина Крива Паланка.

Како локација за новата Balans+ Зона е избран кејот на Крива Река спроти главната магистрала во Крива Паланка. Донацијата вклучува поставување повеќе справи за рекреација и одржување на балансот на телото под брендот на „Balans+“, како и уредување на овој дел од градот.

Среќни сме што развивме соработка со Општина Крива Паланка во насока на отворање нови содржини за жителите на овој град и разубавување на градот. Ова спортско катче е дел од стратегијата на компанијата да допре до колку што е можно поголем број граѓани од целата држава и да ги поттикне на спорт и рекреација, како начини на здраво живеење. Преку нашиот бренд ‘Balans+‘ континуирано ги истакнуваме придобивките од редовното консумирање здрава исхрана, па веруваме дека новата спортско-рекреативна зона под брендот на ‘Balans+‘ ќе ја пренесе нашата порака за важноста од практикување спортски активности, како начин за постигнување баланс на телото“, истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, по повод отворањето на новата Balans+ Зона истакна: „Оваа донација од Бимилк во соработка со Пакомак е од исклучително значење за граѓаните на Крива Паланка не само поради тоа што сега градот има ново место за спорт и рекреација, туку целиот овој простор на кејот е разубавен и стана поатрактивен за посета и за разонода од страна на сите наши сограѓани. Здравиот начин на живеење, зголемените физички активности и позитивните животни навики ќе придонесат за создавање идни здрави генерации. Во исто време се надеваме дека оваа донација ќе биде поттик за инвестирање и покажување на својата општествена одговорност и од страна на други компании во државата“.

Веруваме дека отворањето на новата Balans+ Зона во соработка со Бимилк ќе ги поттикне граѓаните на Крива Паланка да инвестираат во себе и во своето здравје, а со тоа да ја зголемат и грижата за околината во која живеат, како и создавањето чувство на одговорност кон амбалажниот отпад“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување.

Од Бимилк и од Пакомак упатуваат отворена покана до жителите на Крива Паланка и до околните градови да ја посетат новата Balans+ Зона со цел искористување на придобивките од редовни физички активности за себе и за сопственото здравје, но истовремено и за подигнување на свеста за грижа за околината.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close