Потребни се поголеми стимулации за да се обработува земјиштето, сметаат универзитетски професори
ВИДЕО Професорот Душан Спасов тврди дека за 20 години во земјава дури 100 илјади хектари земјиште не се обработуваат.
Поголема мотивација, субвенции и воведување мерки за поконкурентно земјоделско производство. Само на тој начин може да се задржат младите на нива, а и да се зголемат површините кои ќе се обработуваат.
Вака смета професорот Душан Спасов кој тврди дека за 20 години во земјава дури 100 илјади хектари земјиште не се обработуваат.
Дека не се обработува земјоделско земјиште во струмичко тврдат и жителите по населените места. Заради иселување на младите и немање соодветна стратегија се помалку млади има по нивите.
Професорот Спасов смета дека конечно во земјава треба да се имплементира стратегија. Да се знае кој реон што треба да произведува и да стимулира за да не бидеме увозно зависни.https://www.24.mk/details/treba-pogolemi-stimulacii-za-da-se-obrabotuva-zemjishteto-smetaat-univerzitetski-profesori
Се претпоставува дека во струмичкиот регион една четвртина од обработливото земјоделско земјиште е необработено, иако поголемиот дел од истото е под системи за наводнување.
Се смета дека за една деценија тврсо кои би се задржиле младите во земјава а со тоа и да се зголемат обработливите површини.
Вака констатира универзитетскиот професор Душан Спасов кој смета дека во струмичко не се доволно мотивирани младите да останат на нивите и да применуваат современи агрометоди за производство, бидејки сите анализи говорат дека една третина од полето во стурмичкитот регион не се обработува.