fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

АХВ СО СООПШТЕНИЕ: Се повлекува млекото „МИЛКАНО 3,2%“ од пазарот поради присуство на токсини

Упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Маркетот Стокомак на својата официјална Фејсбук страница  излезе со соопштение по повод ова отповикување.

Оттаму информираат дека млекото Milkano UHT Млеко со 3,2% масленост, 1 литар LOT FD04 се повлекува од пазарот. Упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

„Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close