вести

Потрошувачите сакаат органски производи, но не знаат како да ги препознаат

putin go prodolzhi embargoto na uvoz na hrana od zapad do krajot na 2017 godina

Во Македонија органската храна се означува со сонце околу кое има фиданка, само производите со ваква ознака се органски производ. ЕУ пак, има сопствена ознака за органски производи која има облик на лист составен од ѕвезди. Оваа ознака потрошувачите можат да ја сретнат на производи кои се увезени. За разлика од ЕУ каде веќе не се употребува ознаката “органски во преод” во Македонија поради малото органско производство се користи и оваа ознака

Македонските потрошувачи се генерално запознаени со органското производство, но се уште не знаат точно како да препознаат дали некој производ е органски или не, во кои региони може да се одгледува органски зеленчук или да се пчелари на органски начин.

Еден од начините потрошувачите можат да се информираат за тоа каде може да се купи сертифицирана органска храна, како да се препознае националната ознака за органска храна, како и други информациите кои се поврзани со производството и обележувањето на оваа храна е преку веб-страница за органска храна њњњ.органскисвет.мк.

Секој органски производ, без разлика дали е во свежа состојба или е преработен, треба да е јасно означен со ознаката за “органски производ”, кој гарантира дека ги задоволува стандардите за органско производство. Доколку на производот ја нема оваа ознака, тој не е органски произведен производ.

Во Македонија органската храна се означува со сонце околу кое има фиданка, а потрошувачите треба да го препознаваат овој знак. Потрошувачите кога ќе наидат на производ со ваква ознака треба да бидат сигурни дека се работи за органски производ. ЕУ пак, има сопствена ознака за органски производи која има облик на лист составен од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ. Оваа ознака потрошувачите можат да ја сретнат на производи кои се увезени на нашиот пазар од Унијата.

За разлика од ЕУ каде веќе не се употребува ознаката “органски во преод” во Македонија поради малото органско производство се користи и оваа ознака.

Во ЕУ зборовите органско, еко и био се дозволени за употреба од причина што во различни земји се користи различни зборови за да се означи органското производство. Во Македонија официјално се употребува зборот “органско”, додека употребата на зборовите “био” и “еко” на етикетите е дозволено само ако органски производи се увезуваат и се продаваат во оригинални пакувања.

Правилата за органско производство одредуваат преоден период од најмалку една година, но понекогаш неколку години, пред производството да добие статус на “органско производство”. Причина е тоа што, можат да бидат потребни и неколку години за резидуите од употребуваните хемикалии потполно да исчезнат од почвата. За време на периодот на преод производителите се наоѓаат во неповолна позиција. Не им е дозволено да користат пестициди или хемиски ѓубрива а истовремено, тие се уште немаат предност на продажба на нивните производи како органски.

Голем дел од земјите а до скоро и ЕУ за да им помогнат на производителите да остварат доволни приходи за време на тешкиот преоден период, овозможуваат производителите да ги обележат и продаваат своите производи, како “органски во преод”. Потрошувачите притоа имаат можност да купат “органски производи во преод” и да платат малку повисока цена за производи кои не се произведени со употреба на пестициди и вештачки ѓубрива.

Со оглед дека Македонија е во рана фаза на развојот на органското производството и домашниот пазар за органски производи, “органските производи во преод” може да се продаваат и како такви да бидат означени.

Побарувачката на органски производи на светско ниво постојано расте. Се повеќе потрошувачи ги препознаваат придобивките од органската храна. Како резултата на ова, пазарот на органски производи е пораснат од 15 милијарди долари во 1999 година, на 72 милијарди долари во 2013 година.


 

ВЕЧЕР

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close