Агро бизнисВестиТоп вести

Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000

Се преземаат активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во државата се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а надлежните институции секојдневно ја следат состојбата и преземаат мерки за спречување на ширењето на болеста. Според последните официјални податоци, 50 се во Источниот регион, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион – информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

На прес-конференцијата во Министерството, тој апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции, навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи и да избегнуваат користење заедничка опрема без претходна дезинфекција.

Според Серафимовски, следењето на епидемиолошката состојба покажало дека еден од главните ризици за пренесување на заразата е стрижењето на овците со ножици кои претходно не биле соодветно дезинфицирани.

Министерот информира дека институциите веќе преземаат активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Поврзани новости

Back to top button