Агро бизнисВестиМакедонија

11,6 тони пиперки од Македонија вратени од Бугарија! Содржеле пестицид над дозволеното ниво

Контролата е дел од засилениот надзор на бугарските власти врз овошјето и зеленчукот што се увезуваат од Северна Македонија, Косово и Албанија.

Бугарските власти вратиле во Северна Македонија пратка од 11,6 тони свежи пиперки, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволеното ниво, објави ТВ21.

Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговски оператор во Петрич. Пиперките биле задржани и складирани во ладилник до завршувањето на лабораториските анализи.

По добивањето на резултатите, Бугарската агенција за безбедност на храната наредила целата количина да биде вратена кај добавувачот.

Бугарските власти појасниле дека пиперките не стигнале до продавниците или пазарите во Бугарија.

Засега не е објавено од кој дел од Северна Македонија потекнувале пиперките, ниту е соопштено името на производителот или извозникот.

Контролата е дел од засилениот надзор на бугарските власти врз овошјето и зеленчукот што се увезуваат од Северна Македонија, Косово и Албанија.

Поврзани новости

Back to top button
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom