fbpx
Вести

Повеќе пати одмрзнато месо – опасно по здравјето

Откако еднаш ќе биде одмрзнато, месото не смее повторно да се замрзнува и да се става во промет. Тоа е опасно по здравјето. Според правилникот за квалитет на месо сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначено земјата, потеклото и рокот на траење, нето тежината и условите на складирање.

meso-mesarnici

Месото не смее повеќе пати да се одмрзнува и замрзнува! Покрај тоа што губи на биолошката вредност, ваквата намирница може да биде опасна по здравјето на луѓето. И покрај тоа во замрзнувачите во некои маркети може да се најде замрзнато месо старо и повеќе од една година.

Масното ткиво кај ваквото месо со време оксидира, се разградува и доведува до скапување. Неинформираноста и немаштијата се главните причини што на чиниите кај нас може да се најде ваква храна.

mesooo

Во Македонија според правилникот за храна не е забрането да се продава замрзнато месо, но ако еднаш се одмрзне, тогаш не смее да се замрзне. Но, овој правилник не се почитува во малите дуќанчиња. Зелените пазари се преплавени со одмрзнати батаци и месо за кои што е сомнителен квалитетот и се продаваат како свежи. Ова станува загрижувачки како што растат температурите и доаѓаат летните жештини.

Junece-meso

Во соседна Србија, пред неколку месеци беше објавено дека ќе биде забрането да се продава одмрзнато месо како свежо во малопродажните објекти. Експертите предупредуваат дека граѓаните мора да внимаваат и задолжително да ги читаат декларациите бидејќи само на тој начин ќе бидат сигурни што купуваат и какво месо јадат.

Во Македонија, ако прошетате по месарниците може да се заклучи дека најголемиот дел од свинското месо кое што го јадеме е од Шпанија и од Бразил, а говедското месо доаѓа од Јужна Америка. Граѓаните многу малку внимаваат на рокот на употреба и потеклото на истото. Дел од потрошувачите внимаваат што купуваат, но има и такви што им е важна цената.

Според правилникот за квалитет на месо сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначено земјата, потеклото и рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање. Според нутриционистите со замрзнување месото губи дел од витамините и минералите што ги содржи свежото месо.

meso1

-Мора да се води сметка за датумот на замрзнување и одмрзнување, за рокот на употреба и потеклото. Безбедноста на месото е на прво место. Со одмрзнување и замрзнување месото губи на квалитет. Неговата структура се менува, подложно е на расипување и затоа е важно граѓаните кога купуваат месо да го потрошат и зготват што побрзо. Замрзнатото месо нема неограничен рок на траење и не смее да стои повеќе од шест месеци, објаснува за Вечерње новости, Недељко Карабасила од Катедрата за хигиена и технологија на храната на Ветеринарниот факултет во Белград.

Тој објаснува дека во фрижидерите на маркетите и месарниците најголем дел од месото е свежо, бидејќи ако е одмрзнато тогаш ќе има многу сок. Сепак предупредува дека има место за измами, па затоа повикува да се почитуваат правилниците за чување и складирање на храна

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close