Повисока цена на свинското месо
Свинското месо поскапе на европскиот пазар, а тоа ќе влијае на зголемување на цените и во домашните месарници. Сточарите наместо 90 до 95, веќе почнаа да ги продаваат свињите по 100 денари за килограм жива мера, или за 5 до 10 денари повеќе од досега. Сега се чека како ќе реагираат трговците и колкаво ќе биде поскапувањето во малопродажбата.
Поголемите фармери, одгледувачи на свињи ја зголемија продажната цена на 100 или за 5 до 10 денари повеќе за килограм жива мера.
Покачувањето, велат сточарите, доаѓа по стабилизирањето на европскиот пазар. Се зголемја цените на свинското месо кое досега се извезуваше многу евтино и предизвика намалување на откупните цени кај домашните фарми.
Дали ова ќе значи и поскапо свинско во месарниците, сега зависи од трговците, велат фармерите.
Увоз на свинското месо е скоро 40 милиони евра годишно. Потребите на пазарот за свежо месо целосно се задоволува од производството на домашните фарми додека месната индустрија поголемиот дел до суровините ги набавува од странство.