fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата притиска: Французите веќе не јадат говедско, туку евтино свинско месо

Потрошувачите стануваат се повеќе свесни за трошоците, така што помалку купуваат риби и органска храна, а купуваат поевтино месо за да заштедат пари

Француските потрошувачи стануваат се повеќе свесни за трошоците, така што помалку купуваат риби и органска храна, а купуваат поевтино месо за да заштедат пари, вели главниот извршен директор на најголемиот малопродавач на храна во Европа, Карфур, Александар Бомпар.

Тој, исто така, рече дека дискусиите на економистите за тоа кога инфлацијата ќе го достигне својот врв се залудни и треба да се земе предвид новиот зачудувачки пристап на потрошувачите кон купувањето, пренесува Ројтерс.

Бомпар изјави дека потрошувачите избираат според најниските цени, а се вртат кон распродажбите.

„Не сакам да купувам говедско месо, туку најевтино свинско месо, не сакам да купувам риба, не сакам да купувам органски производи“, рече Бомпар како пример за тоа како размислуваат клиентите.

Бомпар исто така вели дека Карфур и неговите конкуренти во прехранбената индустрија се прилагодуваат на новиот скромен начин на размислување со промотивни кампањи за замрзнување на цените на низа секојдневни производи.

Инфлацијата се зголеми на рекордно ниво во најголемите економии во текот на изминатата година, прво поради проблемите со снабдувањето за време на корона  вирусот, а неодамна поради растот на цените на енергијата за време на војната во Украина, забележува Ројтерс.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close