fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поврат на персоналниот данок на доход на сите нововработени млади под 30 години

Државата ќе обезбеди стимулации за младите што е можно порано да се стекнат со сопствена економска независност, како предуслов за позитивните демографски состојби и намалување на миграционите движења.

Младите и намалување на младинската невработеност е во фокусот во програмата за работа на Владата предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Една од предвидените мерки е и поврат на персоналниот данок на доход за сите нововработени млади под 30 години. Со оваа мерка, средствата ќе се враќаат назад дикретно на нивната сметка со што се овозможува дополнителен прилив.Освен ова, државата ќе обезбеди стимулации за младите што е можно порано да се стекнат со сопствена економска независност, како предуслов за позитивните демографски состојби и намалување на миграционите движења.

Државата ќе ги покрива придонесите за секое вработено лице до 29 години, кое ќе се вработи првпат, а ќе следи и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен. Исто така државата ќе го покрива и трошокот на фирмите за обезбедување на знаења и вештини преку пракса за младите кои не се спремни за работа бидејќи се уште не развиле вештини.

Како дел од поддршката за младите во програмата на Ковачевски се наведува и продолжување на силната поддршка на младите земјоделци со грантови до 20 илјади евра со цел да се мотивираат да се занимаваат со земјоделство и да произведат финален продукт атрактивен за европскиот пазар. https://nezavisen.mk/povrat-na-personalniot-danok-na-dohod-na-site-novovraboteni-mladi-pod-30-godini/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close