fbpx
Вести

Повредено дете при пад од трактор

Вчераа околу 17,30 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Мукос“ додека М.А. (57) од Битола, управувал трактор со приколка во која се превезувал и 10 годишен малолетник, детето паднало и се здобило со тешки телесни повреди.

Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close