Лозовите прачки како обновлив извор на енергија, тоа е најновиот проект кој го најави винарската визба „Тиквеш“.
Генералниот директор, Игор Илиевски, изјави дека тој проект го имаат како таков, само во следниот период следува комплетирање на техничката документација и организирање на целиот процес, така да веќе од следната година комплетно ќе стартуваат со овој проект.
„Тој проект го имаме како таков заокружено, апсолвирано, што и како треба да се направи. Сега само во следниот период следува комплетирање на техничката документација, практично и организирање на целиот процес“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.