fbpx
Вести

Јагодите со најмногу пестициди, овие намирници ги следат …

jagoda

Најмногу пестициди во 2017 се забележани во јагодите. Спанаќот од осмо скокна на високото второ место по концентрација на пестициди, а многу високо рангирани се и праските, крушите, вишните и јаболките, открива ново истражување.

Амеранската непрофитна организација Работна група за околината (EWG) објавила список од намирници со најмногу пестициди во себе оваа година. Некои од нив се заштитени со кората или лушпата што штити од продор на пестициди во плодот, но и многу овошје и зеленчук немаат таков заштитен слој.

„Овошје како јагоди секогаш има многу пестициди бидејќи нема кора и расте директно до земјата“, објаснила висока аналитичарка на EWG Сониа Лундер.

Употребата на пестициди на овошјето и зеленчукот има двократна улога. Од една страна ги штити посевите, а од друга му штети на човечкото здравје. Во мали количини пестицидите не се опасни, но ако често се трупаат во организмот преку храната може да имаат големи последици.

„Не ги знаеме долгорочните последици од секојдневното јадење на храна со пестициди“, вели Ченшенг Лу, професор по биологија на Хардвард и додава:

„Оние кои поддржуваат пестициди тврдат дека нивоата кои ги користите се сигурни, но се повеќе докази има кои го покажуваат спротивното. Купувањето на органски производи е делумно решение, бидејќи фармерите користат природни пестициди од природни извори“, се заклучува во истражувањето на  EWG.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close