ПРАКТИЧНИ УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ДОБРА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПРАКСА ВО СТОЧАРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

stocarstvo

Правилата за добра земјоделска пракса се водич за фармерите за да се избегнат штетните влијанија врз почвата, водата и воздухот, при сточарското производство

Начини на деградирање на почвите:

Несоодветно и прекумерно расфрлање на цврстото и течното ѓубриво од шталата,

Прекумерна испаша на животните,

Ерозија на почвата од газењето на добитокот.

Начини на загадување на водата од сточарсвото:

1. Чување и растурање на цврсто и течно шталско ѓубре,

2. Отпадни води од фармата,

3. Исцедување од силажата,

4. Капење на овците од паразити,

5. Искористени моторни масла,

6. Одлагање на животинските трупови.

Начини на загадување на воздухот од сточарството:

1. Неправилно чување на ѓубрето предизвикува непријатни мириси,

2. Испарувањата од ѓубривото содржат штетни гасови – амонијак, СО2, метан, азотни оксиди,

3. Несоодветно согорување на отпадни материи од животинско потекло, стари гуми или други отпадоци.

Следливост, идентификација и регистрација на добитокот:

Обврски на одгледувачот на животни:

– Добитокот треба да биде поединечно идентификуван

– Да се следи целосното наоѓање на добитокот според фармата на раѓање,

– Навремена идентификација и регистрација на животнте и доставување на податоци до Централниот регистар на одгледувалишта на животни.

ГУСТИНА НА ДОБИТОК
Годишен влез на азот до 170кг
N на ха

Вид домашно животно

Годишна екскреција на азот/кг/грло

Број на животни на 1ха

Млечни крави

70

2-3

Други говеда

50

3-4

Овци

16

10-11

Свињи

20

8-9

Коњи

25

6-7

Живина

0,6

280-290

– Условите во објектите мора да гарантираат соодветни зоо-хигиенски стандарди,

– Да се одржува рамнотежа помеѓу бројот на животните и големината на земјоделското земјиште на кое ќе се истура ѓубрето,

– При интензивно одгледување на животни се наложува да се изврши проценка на влијанието на животната средина.

Благосостојба на животните во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните

– Добитокот да се чува, храни и одгледува согласно неговите биолошки потреби и телесни функции,

– Да се одгледува во чисти и хигиенски услови,

– Подот да се одржува за да не дојде до лизгање на животните,

– Да има постојано осветлување во објектите,

– Да нема остри делови, агли и скршени огради од кои може добитокот да се повреди,

– Сите животни треба да имаат визуелен контакт едни со други, вклучувајќи ги и младите животни,

– Вентилацијта во објектите да биде соодветна за видот на животните за да може да се одржува поволна температура и влажност.

Здравствена заштита на животните – согласно Законот за ветеринарно здравство

Обврски на одгледувачот:

– Да обезбеди услуги од овластен ветеринар со договор,

– При најмало сомневање за појава на заразни болести да го повика овластениот ветеринар,

– Да го извести ветеринарот за сите нововнесени животни во одгледувалиштето,

– Ако тоа е потребно да ги изолира животните пред да ги внесе во одгледувалиштето за да ги прегледа овластениот ветеринар.

Користење лекарства

Фармерите да користат само лекарства кои се одобрени за употреба од релевантни институции во земјава,

Работниците кои ги применуваат лекарствата да се обучени и квалификувани за тоа,

Да се следат инструкциите во упатставта,

Стимулатори на растот не смеат да се користат.

Сточна храна

– Да се располага со документ – сметка или фактура од снабдувачот со сточна храна,

– Правилно складирање на сточната храна за да се спречи нејзино расипување или загадување,

– Храната која содржи лекови да се чува во посебни и означени места,

– Храната што може да предизвика силни мириси (квасец, меласа, силажа) да се чува во затворени резервоари за да не се пренесе мирисот врз млекото.

– Да се превземат мерки за заштита од глодари и штетници кои може да ја загадат сточната храна.

ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ СО ДОБИТОК

1. Постапка со шталското ѓубре

Редовно собирање и отстранување на шталското ѓубре до соодветно складишно место,

– Да се спречи истекување на течниот дел од шталското ѓубре од складиштето,

– Освен шталите и дворот и околината на фармата да се одржуваат чисти

2. Хигиена и амбиентални услови во објектите

– Локацијата на шталата да биде во правец север-југ, за да се искористи светлината,

– Да се земе во предвид насоката на ветровите при изборот на локацијата,

– Шталата да биде со погодни димензии според бројот на животните и доволен простор за манипулација,

– Објектите да обзбедуваат доволен проток на светлина,

– Во објектите да се обезбеди непречена вентилација природна или со употреба на вентилациони системи,

– Системите за напојување да се одржуваат исправни, за да се спречи излевање на водата

– Да се уптребува доволно количество на простирка, добитокот за да биде чист,

– Ѕидовите во објектот да бидат чисти и одвреме навреме да се варосуваат,

– Доколку се употребуваат средства за дезинфекција да се постапува според упатствата за потребната количина,

– Доколку добитокот се чува по групи, темелно да се исчистат и дезинфицираат објектите по иселувањето на секоја група по принцип; ,, сите надвор сите внатре,,

– Јаслите за храна да се соодветно направени и редовно да се чистат од остатоци од храна.

3. Управување со шталското ѓубриво

Управувањето со шталско ѓубре опфаќа негово чување и расфрлање како и третман на отпадните води.

Шталското ѓубре може да произведе течен отпад доколку се остави на отворено, кој има висок потенцијал за загадување на животната средина и на речните токови и подземните води.

Шталското ѓубре може привремено да се чува на купови во поле се додека нема ризик за протекување.

Куповите да бидат оддалечени најмалку 10 метри од речни текови или 50 метри од извори и бунари од кои се користи вода за пиење.

3.1 Течно шталско ѓубриво

– Се добива при сместување на говеда, овци, кози или свињи без употреба на доволно слама или друга простирка.

– Тоа содржи измет, урина и вода како и мал дел од простирката и варира од полуцврст облик со околу 12% сува материја до течен облик со 3-4% сува материја.

– Истекува со помош на гравитација и може да се собира во подни системи, подземни резервоари или јами.

3.2 Цврсто шталско ѓубре

Тоа е арското ѓубре од традиционалните стопански дворови, со или без простирка, во зависност од видот на животните кои се одгледуваат.

– Капацитетот на секое складиште да се пресмета во зависност од потребите,

– Треба да се чува посебно течното од цврстото ѓубриво,

– При пресметките треба да се знае дека еден тон шталско ѓубре зафаќа 1 м3

3.3 Произведена количина на шталско ѓубре по видови добиток

Вид на добиток

Телесна тежина кг

Влажност ( %)

Волумен лит/ден

1 млечна крава

450-650

90

53,0

1 товно говедо (женско)

500

90

32,0

1 товно говедо (машко)

400

90

26,0

1 маторица

130-225

94

10,9

1 одбиено прасе

7-18

90

1,3

1 приплодна овца

65

85

4,1

1 јагне

35

85

1,1

1000 несилки

2200

70

115,0

ДОБРА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПРАКСА ЗА МАНИПУЛАЦИЈА СО АРСКО ЃУБРЕ

– Складиштата за шталско ѓубре да обезбедат заштита од протекување и испарување на амонијакот,

– Тоа ќе се спречи ако подот, каналите и резервоарите се направени од мтеријал кој е отпорен на механички и хемиски влијанија,

– Ѕидовите да бидат високи од 1-1,5 м и широки до 2м со што ќе се зголеми капацитетот и ќе се олесни празнењето,

– Цврстото арско ѓубре да се чува на купови 2-4 м за да се обезбеди збивање на ѓубрето,

– Куповите да се покриваат со слој од тресет или исецкана слама за да се спречи испарување на амонијакот,

– Складиштето за цврсто арско ѓубре да овозможи складирање на количина во текот на 6 месеци, а за течно за 8 месеци,

– Не се препорачува да се ѓубри во зима и на есен кога е сезона на дождови.

НЕКОЛКУ ПРАВИЛА ЗА ДОЗВОЛЕНИ РАСТОЈАНИЈА НА СКЛАДИШТАТА ЗА АРСКО ЃУБРЕ

– 50 м оддалеченост од водни токови,

– 500 м од водни базени за снабдување со вода за пиење,

– 1000 м од здравствени објекти,

– 30 до 50 м од бунари и извори,

– 15 м од куќите за живеење,

– 200 м од јавни објекти (училишта и сл),

– 500 м од населени места,викенд населби, расадници.

КАПЕЊЕ НА ОВЦИТЕ

1.Изградба на базени

– Средставата за капење на овците против паразити се опасен извор на загадување на подземните води и извори

– Базените за капење да се изградат подалеку од извори и бунари, мин 50 м,

– Несмеат да се поблиску 10 м од поток или водоводни цевки,

– Да се направени од еден дел, без одвод, со непропуслива подлога (пр. бетон),

– Да се предвиди доволен простор за сушење на овците по капењето.

2. Постапка при капење

– Да се употребуваат само дозволени средства,

– Да се купува само онолку концентрат колку што е потребно во моментот,

– Да се следат упатствата за употреба на средствата,

– Базенот не смее да се преполнува ниту да се дозволи претекување од него,

– Овцитеда се задржат во боксот за сушење најмалку 5-10 мин за да се исцеди вишокот на вода, која повторно се враќа во базенот,

– Никогаш да не се дозволи искапена овца да влезе во поток или вода,

– Да се ограничи движењето на овците додека не се исушат.

3. Отстранување на растворот

– Употребената вода за капење се остранува колку што е можно поскоро,

– Никогаш не се фрла во поток или река,- Најдобро е да се расфрли во мали количини на големи земјишни површини,

– Не се растура искористената вода кога: – почвата е цврсто смрзната, кога е покриена со снег, или кога почвата е испукана.

 

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

 

 

Share Button