fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Апел на Тутунски комбинат Прилеп до кооперантите на Далија Табак-што побрзо да ги потпишат договорите за преземање на тутунот

ВАЖНО--Ние сме отворени од утре, сабота, а ако не се потпишат договорите, и од понеделник, да ги преземеме количествата тутун. Тоа е договорено преку Министерството за земјоделство Значи сето зависи од повторното потпишување на договорите со кооперантите, за да може да ги остварат правата на субвенции, објаснува Станкоски.

Тутунски комбинат Прилеп од денеска ги повикува тутунарите-кооперанти на Далија Табак да ги потпишат договорите за преземање на тутунот.

-Повикот е отворен за сите кооперанти на Далија Табак, да ги потпишат договорите, значи колку побрзо ги потпишат толку побрзо ќе им се земе тутунот, велат од Комбинатот во Прилеп со напомена дека од кооперантите зависи кога ќе им се откупи тутунот.

Станува збор за 440 тони тутун.

Според Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат, најмногу зависи колку побрзо кооперантите се пријават да го потпишат договоро со Комбинатот, побрзо ќе им се преземе родот.

– Упатувам апел кооперантите на „Далија табак“ што побрзо да го потпишат договорот со Прилепскиот тутунски комбинат за да може да почне преземањето на тутунот, вели Станкоски.

Комбинатот по регулирањето на документацијата веднаш е подготвен да откупи околу 440 тони тутун од кооперантите на „Далија табак“, фирма која не обезбеди банкарска гаранција дека ќе ги плати количествата тутун од кооперантите.  Колку побрзо тутунарите ги потпишат договорите, толку побрзо ќе се откупат количествата тутун.

-Ние сме отворени од утре, сабота, а ако не се потпишат договорите, и од понеделник, да ги преземеме количествата тутун. Тоа е договорено преку Министерството за земјоделство Значи сето зависи од повторното потпишување на договорите со кооперантите, за да може да ги остварат правата на субвенции, објаснува Станкоски.

Прилепскиот комбинат има пет пунктови во Радовишко и Источниот регион и е подготвен покрај договорните, да ги преземе количествата тутун од кооперантите од „Далија табак“. Крајно, сето зависи од потпишувањето на кооперантите со Комбинатот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close