fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пратениците ја почнуваат амандманската расправа за буџетот за 2023

Според опозицијата ќе имаме историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет

Според власта, предложениот буџет ќе овозможи економско заздравување, а според опозицијата ќе имаме историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет

Во Собранието денеска треба да почне амандманската расправа за предлог-буџетот за 2023 година. Пратениците поднесоа 263 амандмани од кои 199 се само од ВМРО-ДПМНЕ.

Амандманската расправа следува откако во понеделникот заврши општата расправа во која мнозинството во парламентот излезе со став дека предложениот буџет ќе овозможи економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза.

Опозицијата, пак, обвинува дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет.

Владата го презентираше предлог-буџетот на 2 ноември годинава и тој предвидува вкупни приходи ниво од 282 милијарди денари (околу 4,6 милијарди евра), додека расходите се проектирани на 324,8 милијарди денари (5,3 милијарди евра). Со вакви приходи и расходи, дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари (700 милиони евра).

Предвидениот економски раст за идната година, пак, се очекува да биде 2,9 проценти, а во однос на инфлација проекциите се оти таа ќе биде 7,1 отсто.https://360stepeni.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close