fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Пратеникот Бојан Стојаноски објави – убави вести за македонскиот земјоделец

Закон за сезонска и привремена работа.  

Пратеникот Бојан Стојаноски објави дека заедно со колегите Ели Панова и Љупчо Пренџов имале одличен состанок со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

На состанокот разговарале со министерот за неколку клучни законски решенија кои ќе генерираат сериозни реформи во македонското земјоделие.

-️ Доаѓаат убави вести за македонскиот земјоделец. Поразговаравме и за одличните можности за македонските земјоделци кои можат да ги користат по усвојувањето на новиот Закон за сезонска и привремена работа.  Министерот Трипуновски директно беше вклучен во пишувањето на овој Закон кој прв пат во историјата на нашата држава дозволува земјоделците да ангажираат работници за нивните потреби и за тоа да ги покријат придонесите ! Ангажманот може да трае 180 денови во текот на годината. Остануваме партнери на граѓаните, продолжуваат убавите вести, објави Стојаноски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close