Кромидот спаѓа во семејството луковици ALLIACEAE и е растение со двегодишен развој. Има разгранет коренов систем со многу малку коренови влакненца, поради што има слаба моќ за впивање. Отпорен е на ниски температури, семето никнува на 3-5 Cº, но оптимална температура за прортување е 15 Cº. Тој никнува бавно и бара многу вода со почесто наводнување.
Кромидот не смее да се одгледува на иста површина до 5 години, поради бројни заеднички болести и штетници. Добри преткултури се: пченица, јачмен, маслодајна репка, компир, грав и детелина.
Овој вид зеленчук главно доаѓа по посевите кои се прибираат во текот на месеците јуни и јули, односно кога нивите се слободни од други посеви, така што потребно е навремено извршување на основните агротехнички операции како: орање, ѓубрење и површинска подготовка на почвата.
Со подготовката на почвата потребно е да се започне во текот на месец август со цел сеидба и садење на зимски кромид – сребрењак, кој е наменет за пролетна продажба како млад кромид. Почвата треба да биде растресита, хумусна и аерирана. Со додавање Тераграмин се постигнува растреситоста на почвата како и подобрување на водно-воздушниот режим на истата. Оптимална рН е 6 – 7, не поднесува кисели почви и бара многу светлина. Кромидот сребрењак се сее во леи широки од 80 – 120 см со должина по избор на фармерот. При подготовката на леите потребно е да се стави 1 кг Тераграмин/ м2 и истиот да се измеша со почвата. Со неговото својство да впива и до 60% течности ( водата со растворените хранливи елементи) и постепено да ја испушта се овозможува рамномерна влажност на леите, бидејќи сребрењакот во почетната фаза бара многу влага.
Сеидбата се врши во редови на растојание од околу 5 см и на длабочина од околу 1,5 -2 см. По сеидбата потребно е семето да се покрие со компост или со квалитетна почва и обилно да се залее со вода.
Сè до моментот на пресадување треба да се применуваат мерки на нега како што се: наводнување, прихранување и по потреба заштита од штетници и болести.
За регулирање на pH вредноста и зголемување на капацитетот на почвата за задржување влага, најдобро е при подготовката на почвата на која ќе се сади расадот или луковиците да се стави Тераграмин по целата површина во количина од 4 кг/м2 и истиот да се исфрезира за подобро навлегување во почвата. Вака нанесен Тераграмин-от има дејство врз структурата на почвата од најмалку 5 години.
Најпознати одгледувани сорти кај нас се: мајски сребрењак, јунски сребрењак, Сидра, Скопски сребрењак, Барлета, Помпеи и др., а името сребрењак го добил по белите обвивни листови на луковицата.
Кромидот е култура која не сака тешки почви. Со примената на Тераграмин се подобрува структура на почвата и таа е полесна за обработка, растресита и пропустлива, а растението во подобрените почвени услови има подобар развој и формира крупни убаво обликувани плодови.
Зелена берза