Со јаболков оцет секој ден чистете го лицето!

Тајната е во алфа-хидроксилната киселина, која ги отстранува мртвите клетки, ја обновува и хидрира кожата…

Многумина знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект врз косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритисот и болките во зглобовите, а помалку е познато дека е одличен сојузник и во негата на лицето!

Ако ве измачуваат проблеми со кожата, како што се осипи, воспаленија, акни и проширени пори, јаболковиот оцет е идеално решение.

Имено, во овој оцет има алфа-хидроксилни киселини, кои ги отстрануваат мртвите клетки и ја обновуваат кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотии, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и ја хидрира кожата.

Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ја содрржат оваа компнента, но во јаболковиот оцет нивната концентрација е многу поголема.

Пред примената, јаболковиот оцет треба да се разблажи со провриена и оладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Ова треба да го правите наутро и навечер.

Со помош на јаболков оцет може да се осветлат пигментираните флеки – едноставно ставете натопен памук на местото на кожата каде имате прекумерна пигментација и оставете да отстои 20-30 минути.

Можете да користите купечки оцет, но за нега на лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет.

 


 

denar.mk

Share Button