fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Празнувајте го со радост Божик – раѓањето на Спасителот Исус Христос

Најрадосниот и најсветлиот празник од сите празници

Најрадосниот и најсветлиот празник од сите празници е раѓањето на Спасителот Исус Христос – Божик. Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција е втор најголем празник во христијанството, веднаш по Велигден.

 

Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Со вечерата на Бадник, денот пред Божик завршуваат предбожиќните пости.

Инаку, овој празник се празнува три дена. Првиот ден од овој празник се слави на 7 јануари кога сите црковни ѕвона ја објавуваат радосната вест.

Според Библијата, раѓањето на Богомладенецот го најавила ѕвездата од Витлеем која се појавила на небото и донела тројца мудреци на местото каде се родил Исус Христос, а научниците сè уште се обидуваат да откријат дали таа навистина постоела и што всушност била таа.

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Вториот ден од Божик, е ден кога христијанската црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос.

Ова празнување се нарекува нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават неа, која е Богородица.

Црквата утврдила веднаш по големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.
Во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во духот на носителката на Господ на овој свет, која уште се нарекува и Девица Марија.

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромавите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напоменувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнеле Стефан надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себеси, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“
Народот што го каменувал Стефан му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефан и достојно го погребале во близината на Ерусалим.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close