вестиТоп вести

Предизвиците на руралната жена

Во фокусот на активностите  за одбележување на Меѓународниот ден на жената 15 октомври  е дискусијата за „Сопственоста на земјоделското земјиште и имот – предизвик за руралната жена“. Како што велат од Националната федерација на фармери целта е да се истакне улогата на жената за развојот на земјоделството и руралните средини и предизвиците и можностите за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.

„Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок. Околу 64 отсто од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради нивниот ангажман во домаќинството и грижата за децата, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејните фарми. Само 5 отсто од жените ретко се појавуваат како носители на имот и земјоделско земјиште. Најголем дел од нив овие практики и традиции не ги согледуваат како дискриминаторски “, се вели во соопштението од Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој.

Во овој контекст на барање на Националната федерација на фармери се отстранија дискриминаторските мерки во четиригодишната Програма за рурален развој 2018 -2021 за активна поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, каде што се бараше: жената мора да е во брак, да има родено едно дете, да е невработена, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри. Барањето беше подржано од Мрежата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Шведската организација за развој We Effect, ООН и други меѓународни и национални организации.

Прв пат 15 октомври  како Меѓународен ден на руралната жена е прославен во 2008година.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close