Предложени измени во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост
Со членот 13 од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост меѓу другото е пропишано дека за спроведување на постапката за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост се основа Комисија за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост (во натамошниот текст: Комисијата). Сите административно-технички работи за потребите на Комисијата ги
обезбедува Министерството.
Комисијата е составена од претседател и шест члена. Членовите на Комисијата ги именува Владата на Република Македонија со примена на начелото за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, за период од четири години, со право на повторно именување. Членовите функцијата ја извршуваат професионално и истата е неспоива со вршење на каква било друга професија, дејност или должност.
За својата работа, претседателот и членовите примаат плата. Платата на претседателот на Комисијата е во висина на две и половина просечни нето плати исплатени во Република Македонија, а на членовите во висина од две просечни нето плати исплатени во Република Македонија. Имајќи ги во предвид надлежностите и обемот на работа во текот на една година на Комисијата за продажба на земјоделско
земјиште се цени дека е непотребно членовите на наведената комисија работата да ја извршуваат професионално и да земаат плата туку дека е посоодветно во истата да може да членуваат и вработени лица кои ги исполнуваат законските услови за членство, а со тоа и наместо плата во иднина членовите на комисијата да земаат годишен надоместок со што десеткратно би се намалиле трошоците за работа на
комисијата.