fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Предупредување за можен недостиг од азотни ѓубрива

Норвешката компанија „Yara“, еден од најголемите производители на вештачки земјоделски ѓубрива во светот, предупреди во вторникот дека високите цени на гасот би можело да доведат до недостиг од азотните ѓубрива.

Норвешката компанија „Yara“, еден од најголемите производители на вештачки земјоделски ѓубрива во светот, предупреди во вторникот дека високите цени на гасот би можело да доведат до недостиг од азотните ѓубрива.

„Јасно е дека се заканува опасност од недостиг од азот и нови скокови на цените, доколку состојбата со гасот во Европа дополнително се влоши“, истакнува во писмената изјава за јавноста Свеин Торе Холсетер, извршен директор на „Yara“.

За производството на ѓубривата се потребни големи количества енергија, а произведувачите како „Yara“ го користат гасот во процесот на производство.

Во „Yara“ очекуваат дека ќе платат 1,1 милијарда долари повеќе а гасот во третиот квартал годинава во однос на истиот лански период, а во четвртото тримесечје за 920 милиони долари повеќе.

Во деловниот извештај објавен во вторникот „Yara“ наведува дека досега го намалила производството во обем кој одговара на годишниот капацитет од 1,3 милиони тони амонијак и 1,7 милиони тони готово ѓубриво.

Известија, исто така, дека добивката пред пресметката на каматите, даноците, депрецијацијата и амортизацијата (EBITDA), исклучувајќи го еднократните ставки, е речиси е удвоена во вториот квартал, на 1,48 милијарди долари. Приходот им скокнал за 65 отсто, на 6,45 милијарди долари.

Русија, од друга страна, е клучниот светски произведувач и извозник на ѓубрива но и на природен гас, како и суровини за производство на амонијак. Намалените руски испораки на гасот во Европа го поттикнаа скокот на цените, па некои произведувачи на ѓубрива го намалија производството.https://netpress.com.mk/od-norveshka-predupredi-a-na-mozhen-nedostig-od-azotni-ubriva/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close