ВестиМакедонијаТоп вести
Предупредувачки протест на тутунарите во недела, од понеделник генерален штрајк во државата-одлучи Иницијативниот одбор на тутунарите
Предупредувачки штрајк на тутунарите во недела одлучи Иницијативниот одбор на денешниот состанок во Прилеп. ИО составен од земјоделци тутунари од сите региони во државата одлучи во недела да излезе на предупредувачки протест а во понеделник ИО го повикуваат министерот Хоџа да се сретне со нив, а ако не се сретне од понеделник најавуваат генерален штрајк и блокади на патиштата низ државата.
Барањата на ИО се загарантирана откупна цена на тутунот од 200 денари, и ако не се постигни таа цена државата да ја доплаќа. Потоа да се намалат одбитоците кои сега се движат околу 10 проценти, максимум да се 5 проценти и проценката на тутунот да се врши на целиот пакет а не на неколку листови. Односно бараат реална проценка и велат дека нема да отстапуваат од овие барања. ИО бара и укинување на четвртата класа при проценката на тутунот.
З.Б