fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Префрлени се четири милјарди денари на ЕСМ за обезбедување на дополнителни количества струја, вели Бесими

Во насока на ублажување на последиците од оваа енергетска криза која е со пошироки размери

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза. Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени четири милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија.

– Во насока на ублажување на последиците од оваа енергетска криза која е со пошироки размери и не ја опфаќа само РС. Македонија се преземаат соодветни чекори. Веќе е прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и се преземаат мерки и активности насочени кон обезбедување дополнителни количини електрична енергија, вклучително и балансна енергија и резерва на активна моќност согласно утврдената кризна состојба, истакна Бесими во интервјуто за МИА.

Дополнително, за заштита на најранливите категории, Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за економија се задолжени да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.https://nezavisen.mk/besimi-prefrleni-se-chetiri-miljardi-denari-na-esm-za-obezbeduvanje-na-dopolnitelni-kolichestva-struja/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close