вестиМакедонијаТоп вести

Намален приходот од пчелните семејства за 10 пати

Ако пред две децении од едно пчелно семејство тетовските пчелари земале и по дваесетина килограми мед, сега има едвај 4 килоограми. Многу е намален приходот на мед, велат од здружението Градот на пчелите. Причините се повеќебројни.

Како проблем број еден ги наведуваат климатските промени, но тука е и човечкиот фактор како и немањето на институционална подршка, која треба да ја имаат пчеларите.

 
-Проблеми се и пестицидите. Во многу европски држави пестицидите кои се користат се забранети со закон. Пчеларството е во опасност се додека Македонија не ја забрани употребата на пестициди. Но не се однесува само на овој закон. Морам тука да потенцирам дека пчеларите и земјоделците треба да имаат еден мост на соработка, кога на пример земјоделците ќе прскаат против штетни инсектициди, ние пчеларите мора да се заштитиме. Не дека земјоделците немаат информации, едноставно не функционира мостот и вина тука имаат и институциите, кои не преземаат никакви мерки да го градат тој мост, рече Дритон Дикена од здружението Градот на пчелите.

 Поради ваквите проблеми пчеларите од полошко имаат се помал приход. Пчелните емејства не даваат толку мед како порано.

Кога зборуваме со старите пчелари, на едно пчелно семејство тие земале по 20 килограми, а сега ние земаме на пчелно семејство едвај 5 килограми . Секако има можности ова да се подобри, само ако има волја. Мора да се донесат протоколи како треба да се прска, Министеството да ги зголеми субвенциите, да ја зголеми помошта како ние да се бориме против климатски промени. На пример да има пошумување каде нема доволно зеленило и да се пошумува со медоносни дрва и тоа би било успешно. На пример со багрем и костен да се пошумува, велат од здружението Градот на пчелите.

 Од пчеларство велат од здружението може многу солидно да се живее, посебно пчеларите од полошко каде се произведува квалитетен мед, поради густата и квалитетна вегетација на Шарпланинскиот масив каде има над 2000 разновидни цвеќиња. Голем дел од пчеларите се снаоаѓаат како знаат и умеат, без да земаат никаква помош иако им следува, затоа што процедурите за добивање на субвенции за пчеларите се многи тешки и сложени, а одредени пчелари не можат да ги исполнат.

 Од здружението Градот на пчелите, велат дека прават напори да ги подобрат работите во нивната дејност.

Има неколку пчеларски здруженија како градот на пчелите, со активностите кои ги имаме сме постигнале доста работи. Имаме разни активности како настанот за квалитетот на медот, тоа беше балканско првенство. Може едно семејство добро да живее, дека не е само медот туку матичната млеч и слично.Луѓето се доволно еманципирани за благодетите што го имаат од медот. Кај нас проблем прави фалсификуваната мед. Кај нас не функционира системот како да се бориме против фалсификуваната мед. И има доста увоз на фалсификувана мед. Мора да се бориме против фалсификуваната мед.Има неколку начини купувачот да го препознае фалсифукаваниот мед. Но морам да признам дека тој фалскификуван мед толку се развил што не може да се препознае ни по боја, ни по вкус.Но најдобро е да се прават анализи, но исто и да се купува мед од локалци, домашните производители, вели Дикена.

 

Тој започнал со неколку сандаци со мед.Сега има дваесет пчелни семејства, но и покрај проблемите со пчеларството Дритон вели дека нема да се откаже од оваа дејносот. Вели се заљубил во пчеларството затоа што според него тоа не е бизнис тоа е нешто повеќе.  Тоа е љубов тоа е страст кон пчелата, а пчелата има магија.

Слични написи

Back to top button
Close